Обединетите нации го прогласија 8 Март за Меѓународен ден на жените во 1975 година, Меѓународната година на жената, за да ја одбележат долгата историја (повеќе на Wikipedia) на прослави и протести.
Во нашиве краишта, традицијата на активизам и барање права за жените беше заменета во социјализмот од традиција на организирани забави по рестораните, букети цвеќе и долги здодевни конференции на официјалните женски организации (дотолку што Википедија вели, најверојатно со полно право, дека се работи за комбинација на Денот на мајката и Св. Валентин).