Третиот круг на финансирање на УНДЕФ е отворен. Пријавите ќе се примаат од 10 ноември до 31 декември 2008 година, и ќе бидат прифатени само ако се направени со користење на интернет формуларот на УНДЕФ. Пријавите треба да бидат пополнети на англиски или француски јазик, работните јазици на ОН. Пријавите испратени по електронска или редовна пошта, или по факс, НЕМА да бидат разгледувани.