Македонија

Меѓаши бара подобра заштита од сексуално насилство за децата во Македонија

MegjasiПрвата детска амбасада во светот Меѓаши побара од надлежните органи најстроги казни за Велешанецот осомничен за силување на своите три малолетни ќерки и децата да не бидат вратени во семејството затоа што постои опасност тие да ги променат своите изјави под под притисок на најблиските како и поради недоволно разбирање за состојбата во која се наоѓаат.

ХОПС ја доби наградата за делување на полето на ХИВ/СИДА и човекови права

HOPSМакедонската организација ХОПС – Опции за здрав живот е добитникот на Меѓународната награда за ХИВ/СИДА и човекови права за 2010 година на Канадската правна мрежа за ХИВ/СИДА и Хјуман Рајтс Воч (Human Rights Watch). Наградата со која се одликуваат извонредни поединци и организации кои работат на заштита на правата и достоинството на луѓе кои се под ризик или влијание на ХИВ/СИДА, беше доделена на 18. меѓународна конференција за ХИВ/СИДА, во Виена.

Граѓанските организации бараат достоинствен третман за заболените од ХИВ

hiv-aidsДванаесет граѓански организации кои делуваат во полето на борбата со ХИВ/СИДА бараат да се интевизира националниот одговор во постигнувањето на универзален пристап за превенција од ХИВ и СИДА и ги поздравуваат придобивките од долгогодишното финансирање на Глобалниот фонд за ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија.

Младинска конференција за европските вредности

Youth Alliance Conference logoМладинскиот сојуз од Крушево ја организира 8-та меѓународна младинска конференција „Европските вредности за иднината на земјите од Југоисточна Европа“, 3-7 септември, 2010 година, во Крушево.

Претставени промените во Законот за пристап до информации

access to information actionМакедонското здружение на млади правници и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија го означија почетокот на примената на измените и дополнувањата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со дистрибуција на едукативни брошури пред зградата на МРТВ, на 28 јуни оваа година. Представниците на двете организации одговараа на прашања на заинтересираните граѓани и нудеа правна помош во врска со слободниот пристап.

Што и нуди Македонија на младинатa

Tribina vo klubot na GEM za mladite vo MakedonijaУчесниците на трибината „Што и нуди Република Македонија на својата младина“, организирана од Младинскиот образовен форум (МОФ) и движењето Граѓани за европска Македонија (ГЕМ) на 15 јуни, заклучија дека младината треба да бара повеќе и ако е потребно дури и да влазе во конфликт со власта, но тоа мора да биде во интерес на општеството и државата.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дебата за говорот на омраза, медиумите и политичката култура

Civil - centar za slobodaЦИВИЛ МЕДИА – Центар за медиуми и слобода на говор ќе ги претстави програмските и стратешките определби, планови и проекти, во ГЕМ Клуб/Менада, во Старата скопска чаршија, во среда, 16 јуни. Во склоп на презентацијата, ЦИВИЛ МЕДИА организира и дебата на темата „ГОВОРОТ НА ОМРАЗА, МЕДИУМИТЕ И ПОЛИТИЧКАТА КУЛТУРА“.

Syndicate content

Follow owpsee


Follow owpsee on Twitter facebook

  

Vimeo Flickr

Tag Cloud

Multimedia & Service

Ne damo Varšavsku!

Ne damo Varšavsku

Digital stories

APC Anniversary logo

Association for Progressive Communications - APC is celebrating its 20th Anniversary. Red more at www.apc.org

KampanjaInfo.org

Take Back The Tech
read about take back the tech campaign in SEE on local languages on: www.kampanjainfo.org