Германската Работна група за чување податоци (AK Vorrat) ја предводи кампањата за укинување на системот за обврзувачко чување на сите податоци за комуникациите, користејќи го залетаното движење против чувањето на податоците во Европа, а особено во институциите на ЕУ.
Амнести интернационал организира потпишување на петиција на интернет за поддршка на усвојувањето на хоризонтална анти-дискриминациска директива на ЕУ. Петицијата потпишете ја на следниот линк: www.amnesty-actie.nl/eupetition.
Првата детска амбасада во светот Меѓаши започна кампања со мото „За насилството не треба да се молчи“. Целта на оваа кампања е информирање на јавноста за проблемите со насилството на кое се изложени децата во Македонија.
Фондацијата Еден Свет - Платформа за Југоисточна Европа (owpsee) ве повикува да се приклучите на кампањата за одбележување на 30-тата годишнина на Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација на жените (ЦЕДАВ).
Фондацијата Еден свет – платформа за ЈИ Европа (owpsee) ве повикува да се вклучите, во рамките на вашите и активностите на други организации, во глобалната кампања „Да ја повратиме контролата врз технологијата“ (Take Back the Tech).
Првата детска амбасада во светот Меѓаши и оваа година ќе се вклучи, како национален координатор, во меѓународната кампања за вклучување на децата во образованието, координирана од Global March Against Child Labour.
Групата „15 Март“ и движењето Мјафт (Доста) ја почнаа кампањата преку која бараат правда за трагедијата во Грдец, предизвикана во март 2008 година од страна на албанската политика. Кампањата има за цел да изврши притисок врз политичките институции да ја прифатат својата одговорност за трагедијата.