Text Size

Косово

Dejan Georgievski
05/12/2012 - 11:34

Младинскиот самит во Приштина ќе собере, од 14 до 16 декември 2012 година, околу 150 општествено и политички активни млади луѓе и бранители на човековите права од државите на Западен Балкан, Европската унија и (пост)конфликтните зони во светот, како и претставници на државните институции од регионот и ЕУ. Самитот го организира Младинската иницијатива за човекови права.

Dejan Georgievski
16/02/2012 - 10:38

Балканската истражувачка мрежа (БИРН), во соработка со Фондацијата „Роберт Бош“ и Фондацијата ЕРСТЕ, го распиша шестиот по ред конкурс од програмата „Балканска стипендија за новинарска извонредност“. Тема на овогодишниот конкурс се заедниците, а новинарите од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Србија и Косово можат да се пријават до 5 март 2012 година.