Text Size

ICT

Dejan Georgievski
10/05/2013 - 04:36

Земјите од регионот на Западен Балкан го дочекаа 3 мај, Светскиот ден на слобода на медиумите, во различна состојба. Спроти 3 мај, неколку меѓународни организации што работат на полето на слободата на изразувањето и слободата на медиумите, ги објавија своите извештаи за состојбата на медиумиските слободи во светот. Следи краток приказ на нивните наоди за земјите од нашиот регион.

Dejan Georgievski
20/11/2012 - 11:45

Организациите Access Now и Fight for the Future (Борба за иднината) ги повикуваат граѓаните од целиот свет да се вклучат во акцијата за одбрана на отворениот интернет од заканата што ја претставуваат неколку предлози за промена во...

Dejan Georgievski
19/11/2012 - 13:18

Минатата недела, 14-15 ноември 2012 година, во организација на Фондацијата Метаморфозис, во Скопје се одржа 8-та по ред по ред меѓународна конференција е-Општество.Мк на тема „Отворено образование за отворено општество – Да го споделиме знаењето!“. Конференцијата се фокусираше на отворените образовни ресурси и отворениот пристап, како и правно-институционалните предуслови за нивниот развој во...

Dejan Georgievski
14/11/2012 - 11:24

Во рамките на иницијативата Код за Европа (Code for Europe), шест европски градови бараат талентирани девелопери, претприемачи и дизајнери за изградба на нов модел на иновација на градот кој ќе помогне во освојувањето на нови приоди кон начините на кои владите им даваат услуги на своите граѓани.

Dejan Georgievski
04/06/2012 - 08:54

Светската алијанса за граѓанско учество ЦИВИКУС (CIVICUS) организира вебинар за новите медиуми и граѓанското општество во среда, 6 јуни, 2012 година (со почеток во 14:00 часот по средноевропско време), со презентации од Реми Рауф (Ramy Raoof) од Египет, Роузбел Кагумире (Rosebell Kagumire) од Уганда и Чана-Мари Пегус (Ciana-Marie Pegus) од Цивикус.

Dejan Georgievski
25/05/2012 - 12:44

Во рамките на Форумот на Светскиот самит за информатичко општество за 2012 година (WSIS Forum 2012), Марија Руксандра Стоическу, независна истражувачка и консултантка, ја интервјуираше Анриета Естерхујзен (Anriette Esterhuysen), извршна директорка на Асоцијацијата за прогресивни комуникации (Association for Progressive Communications APC).

Dejan Georgievski
23/02/2012 - 10:27

Политичката одговорност и новите технологии беа тема на тридневната конференција ПОИНТ што се одржа минатата недела во Сараево. Конференцијата понуди можност за средба на практичарите од регионот, главно представници на организациите на граѓанското опшстество, кои ги претставија своите проекти што користат нови технологии за постигнување на позитивни општествени промени.

Dejan Georgievski
14/02/2012 - 09:39

13 Февруари, 2012 -- Минатата сабота, 11 февруари, во многу земји во Европа и во светот се одржаа протести против Меѓународниот договор против пиратеријата (АКТА), потпишан на 26 јануари во Токио (22 од 27 држави членки на ЕУ го потпишаа договорот. Неколку стотици граѓани се собраа пред хрватското Министерство за надворешни работи и европски прашања за да го изразат своето незадоволство од...