Безбедност на интернет: повеќе од игра
Безбедност на интернет: повеќе од игра
10. February 2011 - 14:41 — Denis Kajic„Тоа е повеќе од игра, се работи за твојот живот“, е мотото на Денот на безбедност на интернет 2011- година, одбележан на 8 февруари. Како и претходните години, организатор е европската организација Инсејф (Insafe), која ја спроведува програмата со цел да промовира побезбена и поодговорна употреба на информатичките и комуникациските технологии (ИКТ), со посебен фокус на младите и децата во целиот свет. Денот на безбедноста на интернет се одбележува од 2004 година, на вториот ден од втората седмица од вториот месец во годината.
Денот на безбедност на интернет за прв пат беше одбележан во Босна и Херцеговина, на иницијатива на неформалната координативна група во состав Регулаторната агенција за комуникации на БиХ (РАК), Save the children Norway SEE, Меѓународниот форум за солидарност Еммаус, Советот на Европа, Микрософт БиХ и Еден Свет - платформа за ЈИЕ, организации што одлучија да организираат низа активности со цел да се подигне свеста за сите опасности на кои децата и младите се изложени во времето што го минуваат на интернет.
Првиот дел од програмата се одржа во ОУ „Осман Нури Хаџиќ“ во Сараево, каде децата и нивните учители имаа можност да се запознаат, од прва рака, со најдобрите методи на заштита при користењетто на социјалните мрежи, играњето на онлајн игри или при размената на фотографии преку информатичките технологии. Освен тоа, децата на помала возраст можеа да ја пробаат онлајн играта „Низ дивата шума на интернет“, во информатичкиот кабинет во училиштето.
Играта, достапна на повеќе од 20 јазици (вклучувајќи и верзија на српско-хрватски) има за цел да им помогне на децата на возраст од седум до десет години, да разберат што е интернет и да се стекнат со потребните вештини што ќеим помогнат да се заштитат и да станат помудри корисници на интернет. За родителите и наставниците е подготвен и прирачник со упатства за користење на играта, како и совет како да им пристапат на децата и да разговараат за темите поврзани со нивната безбедност на интернет.
„Свесни сме дека интернет станува основно средство на комуникација за децата и младите, дека неговото користење е неизбежно и дека има многу добри страни, но исто така е неопходно децата да научат за опасностите што интернет ги носи со себе и да добијат информација како да се заштитат од заканите“, изјави директорот на училиштето Нарцис Полимац, повикувајќи ги родителите активно да се вклучат во следењето на активностите на децата на интернет, посочувајќи дека училиштето може да им помогне на тоа поле.
Претсавниците на координативната група потоа го посетија Средното економско училиште во Сараево, каде учениците осмислија презентација на тема „Што е интернет и како го користиме?„, а членовите на групата им ги претставија на учениците активностите за подигање на свеста за потребата на безбедно користење на интернет, како што е видеото „Каде е Буцо?“, интернет страната www.sigurnodijete.ba и брошурата за безбедност на интернет “@man”.
„Ова е значајна иницијатива затоа што само со заеднички напори на образовните установи, родителите и учениците, со помош на организациите и деловниот сектор, можеме да одржуваме чекор со времето и да бидеме целосно информирани“, изјави директорот на училиштето Авдија Сердаревиќ, истакнувајќи ја потребата од побезбеден интернет за да се заштитат учениците, нивните семејства, наставниците и училишните податоци.
Повредите на детските права спаѓаат меѓу најтешките злоупотреби на интернет, но постојат и многу други казнени дела поврзани со недолично однесување. Злоупотребата на интернет не ни е страна. Повеќето од нас снимиле, и сè уште снимаат безбројни филмови, музика, книги, компјутерски програми... заштитени со авторски права. Меѓу потешките дела спаѓаат и кражбата на идентитет, хакерски напади, злоупотреба на онлине системите за плаќање, предизвикувањето на национална, верска или расна омраза и нетрпеливост, итн.
Во последните неколку години, во БиХ е регистриран енормен пораст на кривичните дела во кои извршителите се користат со интернет и други ИКТ алатки, па на иницијатива на Обвинителството на БиХ, формирана е работна група за борба против сајбер и високотехнолошки криминал како неформално работно тело кое работи на унапредувањето на борбата на агенциите за спроведување на законите против сајбер и високотехнолошкиот криминал во БиХ.
Работната група вклучува претставници на скоро сите полициски агенции во БиХ, правосудни тела и надлежни министерства, и има за цел да ги утврди приоритетните задачи што треба да се извршат за подобрување на капацитетите на правосудството и полицијата за работа на откривањето и процесуирањето на кривичните дела од оваа област.
Во законската регулатива постојат одредби за таквите кривични дела, бидејќи БиХ ја потпиша и ратификуваше (во 2005 и 2006 година) Конвенцијата на ОН за борба против сајбер криминалот. Според Борис Грубешиќ, раководител на одделението за односи со јавноста на Обвинителството на БиХ, во иднина ќе биде потребно да се усвои и ново законодавсто и да се прилагоди регулативата, знаејќи дека некои одредби се усвојувани кон крајот на 1990-тите години, кога на овие простори скори да немаше интерент. „Ќе мора да ја зајакнеме регулативата во областа на обезбедување интернет услуги, како и обврската за чување на одредени податоци за да бидат достапни на барање на агенцијата за спроведување на законите“, вели Грубешиќ.
Грубешиќ додава дека постои и иницијатива за БиХ што поскоро да се приклучи кон групата „Г-8“ за борба против сајбер и високотехнолошкиот криминал, составена од контактни точки кои работат на принципот на расположливост 24 часа, седум дена во неделата, како и на комуникацијата помеѓу точките во мрежата.
Богатство од информации наменети за децата, нивните родители и училиштата е страната www.djecanainternetu.org на Детскиот правобранител на Република Српска.
По повод Денот на безбедно користење на интернет, Сојузот на радиоаматери на Црна Гора организираше, во просториите на Радио клубот во Подгорица, презентација на програмата што на сите корисници на компјутери им овозможува преку интернет да ѕирнат во светот на радиоаматерите на светот, и остварија виртуелна радио врска со авторот на програмата, Кели Линдман од Кипар.
Главна цел на презентацијата беше да отвори нови интересни можности за корисниците на интернет, особено за младите луѓе, да го користат интернет на што поквалитетен начин, а како што изјави Зоран Поповиќ од Сојузот на радиоаматери, „целта е младото население да се стекне со што е можно повеќе реални пријатели, а не виртуелни пријатели што ги стекнуваат преку чет програмите“.
На Денот на безбедност на децата на интернет, во Белград беше отворен првиот дитален кабинет во градот, во ОУ „Франце Прешерн“, во рамките на програмата Дигитални училишта. По товој повод, актерот Небојша Миловановиќ водеше квиз за безбедноста на интернет, на кој ученисите од „Франце Прешерн“ покажаа високо ниво на знаења за стапиците на кои можат да наидат на интернет.
Во рамките на кампањата „Кликни безбедно“, во 2010 година, Министерството за телекомуникации и информатичко општество спроведе едукација на психолозите, педагозите и родителските одбори на тема на безбедна употреба на интернет, а тие потоа ги пренесуваа информациите до наставниците и родителите на децата во своите училишта.
Пораката за децата што користат интернет е едноставна – истражувајте го светот на интернет и користете ги сите предности, но бидете внимателни и посоветувајте се со родителите, наставниците, или со вашите другари кога ќе наидете на нешто сомнително.
Пораката за родителите е да бидат информирани за опасностите, но да не ја ограничуваат слободата на децата. Значајно е да се воспостави јасна и искрена комуникација со децата за користењето на компјутерите и на интернет, а тоа ќе овозможи правовремена реакција на сомнителните појави, со зачувување на приватноста на децата.
Во март 2010 година почна образовниот квиз „Кликни безбедно“ за учениците од основните училишта, а најдобрите училишта беа наградени со преносни компјутери и проектори. Сите заинтересирани можат да го проверат своето знаење за безбедноста на интернет на интернет страната www.kliknibezbedno.rs.
По повод Денот на побезбеден интернет, централната Канцеларија за е-Хрватска организираше на Плоштадот Никола Шубиќ Зрински во Загреб, претставување на тековните проекти и активности за прмовирање на побезбедно користење на интернет помеѓу децата и младите, спроведувани од здруженија, организации и тела на државната управа. Настанот имаше за дел да го подигне нивото на свест во јавноста за потребата од безбедно и одговорно користење на интернет.
Своите активности ги претставија Центарот за исчезнати и злоупотребени деца, Соработници во учењето ucitelji.hr, Хрватската Агенција за поштенски и електронски комуникации, CARNet, НетАкадемијата, Микрософт Хрватска, „Училица“, мобилниот оператор ВИП, Амбидекстер клубот, основните училишта Велики Буковец и Тучепи, Агенцијата за заштита на личните податоци, „Алгебра“ и „Храбар телефон“.
Државниот секретар на Канцеларијата е-Хрватска Игор Лучиќ изјави дека против „електронското насилство можеме да се бориме само со помош на знаењето. Оттаму, ова собирање има за цел да ги зајакне децата, родителите и наставниците со знаењето што е потребно за вешто и среќно сурфање по интернет. Собравме, на едно место, повеќе актери што успешно ги едуцираат членовите на своите заедници за ова значајно прашање за на сите заинтересирани да им понудиме корисни совети за безбедно сурфање“.
Слични активности беа одржани во неколку градови во Хрватска.
„Животот на интернет е повеќе од игра“ беше темата на настанот организиран во ЕУ Инфоцентарот во Скопје, на Денот на безбедноста на интернет.
На настанот присуствуваа 47 деца од две основни училишта во Скопје, кои можеа да погледаат пет кратки филмови на тема на завистност од чет, зависност од компјутерски игри, онлајн измами, сајбернасилство и злоупотреба на мобилните телефони, подготвени од Детскиот театарски центар од Скопје. Учесниците исто така добија информации за тоа што смеат, а што не смеат да прават на интернет, на што треба да внимаваат и како да ги заштитат своите податоци а играа и игри подготвени во рамките на проектот „Полесно до приватност на интернет“, што заедно со филмовите ќе бидат поставени на страната www.bezbednonainternet.org.mk.
За повеќе информации за настанот, посетете ја интернет страната на Фондацијата Метаморфозис, организатор на настанот заедно со Дирекцијата за заштите на личните податоци и Интернет Хотлајн Провајдер – Македонија.
На Денот на побезбеден интернет, Еуростат ги објави најновите статистики за 27-те држави на ЕУ плус Норвешка, Хрватска и Турција. Според статистиките, само 14% од граѓаните што живеат во семејства со деца имаат инсталирано и користат софтвер за родителска контрола и филтрирање на интернет содржини. Листата ја предводат Словенија и Луксембург, со 25%, а следат Франција (24%), Данска, Австрија и Велика Британија со по 21%, и Финска со 20%.
Исто така, 5% од граѓаните ги фатиле своите деца како пристапуваат на несоодветни сајтови или комуницираат со потенцијално опасни лица на домашниот компјутер. Најголем број такви случаи се забележани во Италија (11%) и Летонија (9%), а Еуростат предупредува дека броевите се однесуваат на случаите кога родителите станале свесни за проблемот, и дека вистинскиот број веројатно е поголем.
Search
Linux za sve
- Pokrećemo natječaj za dizajn ovogodišnje LZS majice!
- Nakon godinu dana razvoja dostupna je Mageia 3
- U Rijeci se po prvi puta održavaju “Dani otvorenog koda”
- Predstavljen prvi uređaj koji pokreće Jolla, operacijski sustav temeljen na Sailfishu, a pogoni aplikacije za Android
- Linux i konverzija videomaterijala







