Text Size

Француските здруженија го тужат „Гугл“ поради услугата што нуди сугестии при пребарувањето

Printer-friendly versionPrinter-friendly versionSend by emailSend by email

Четири француски здруженија решија да поднесат тужба против Google поради автоматското сугерирање на зборот „Евреин“ кога се пребаруваат имињата на некои француски јавни личности.

Унијата на студенти Евреи на Франција (Union des étudiants juifs de France UEJF), Меѓународната акција за правда „Обвинувам!“ (J'accuse! Action internationale pour la justice AIPJ), СОС Расизам (SOS Racisme) и Движењето против расизмот и за пријателство помеѓу народите (Mouvement contre le rasisme et pour l’amitie entre les peoples MRAP) сметаат дека услугата на Google (под името „Google Suggest“) што го сугерира поврзувањето на зборот „Евреин“ со личностите кои се предмет на пребарувањето, може да доведе од создавање на веројатно најголемата датотека на Евреи во историјата.



Здруженијата протестираат против фактот што на тој начин само се засилува и шири претставата за сеприсутноста на Евреите како предводници на Франција. Исто така, го обвинуваат Google за кршење на законите што го забрануваат создавањето на етнички датотеки. Оттаму, врз основа на Членот Л226-19 од Казнениот закон, тие бараат од Судот на Google да му  изрече забрана "да ги чува и складира како информатичка меморија, а без согласност на инволвираните лица, личните податоци кои, директно или индиректно, овозмoжуваат јавување на расното или етничкото потекло“ и да го забрани поврзувањето на зборот „Евреин“ со имињата на физички лица при пребарувањето од страна на корисниците на интернет.

Казнениот закон предвидува казна од 5 години затворо и глоба од 300,000 евра за создавањето на такви документи. Од друга страна, францускиот Устав вели дека „Републиката ја гарантира еднаквоста пред законот на сите граѓани, без оглед на нивното потекло, раса или верска припадност“.

Ова не е првпат компанијата да е цел на критики и напади поради својата услуга „Google Suggests“. Во 2010 и 2011 година, „Google France“ беше осуден поради алгоритмите што содржеа сугестии кои се сметаа за навредливи и штетни. Сепак, во тие случаи се работеше за пребарување на одредени имиња и субјекти, а не за случај истиот клучен збор да се користи во различни пребарувања.

Google во моментов го ограничува опсегот на автоматските сугестии преку примена на строги правила против порнографски, насилни содржини и содржини кои повикуваат на омраза, како и термини што очигледно се користат за пребарување на содржини што би можеле да повредат нечии авторски права (како што е "bittorent"). Мерката, која не е преточена во јасна политика, беше жестоко критикувана под изговор дека вусшност се работи за метода на цензурирање на резултатите.

На расправата одржана на 2 мај, анализата на авотматското сугерирање на зборови беше одложена за 23 мај, за да им дозволи доволно време на здруженијата да ги разгледаат ставовите и аргументите што Google ги има во овој спор.

За повеќе информации (достапни само на француски јазик) прочитајте ги статиите на оваа тема објавени од lemonde.fr на 28 април, и од numerama.com на 2 мај 2012 година. (Извор: European Digital Rights EDRI)

Share this