Text Size

Нашата заедница

Printer-friendly versionPrinter-friendly versionSend by emailSend by email

Глобални мрежи

Owpsee е член на две глобални мрежи: OneWorld.net и Асоцијацијата за прогресивни комуникации. Со нив ги делиме вредностите на различноста, критичката визија и моќта на информатичките и комуникациските технологии во остварувањето на отворени, евтини граѓански платформи. Заедно ги поврзуваме глобалните, регионалните, националните и локалните публики.

Мрежата OneWorld покрива пет континенти и произведува содржини на 11 јазици што се објавуваат на нејзиниот интернационален вебсајт, на регионалните изданија и на тематските канали. Ги нудиме најновите вести и ставови од повеќе од 1,600 организации што ја промовираат свеста за човековите права и се борат со сиромаштијата во целиот свет. Голем дел од содржините се произведени на Југот, за да го засилат учеството на најсиромашните и најмаргинализираните луѓе на светот во глобалната дебата.
Мрежата APC Асоцијацијата за прогресивни комуникации (The Association for Progressive Communications APC) истовремено е меѓународна организација заснована на членство основана во 1990 година, и глобална мрежа на организации на граѓанското општество чија мисија е јакнењето и поддршката на организациите, општествените движења и индивидуи во користењето и преку користењето на информатички и комуникациски технологии (ИКТ). Глобалните иницијативи, кампањи и соработнички проекти прават од АPC жива заедница за учење и извонреден јазол за заговарање и политики: Global Information Society Watch (GISWatch); APC women; кампањата TakeBackTheTech (TBTT), GenderIT, и Gender Evaluation Methodology (GEM).

Share this