Text Size

Наши иницијативи

Printer-friendly versionPrinter-friendly versionSend by emailSend by email

Сите проекти, иницијативи и настани што ги развиваме, промовираме и спроведуваме припаѓаат на нашите две области на дејствување: Информации и знаење, и Вмрежување и регионална соработка. Сите наши иницијативи се одвиваат на најмалку две места истовремено, а едно од нив е виртуелниот простор на интернет.

www.oneworldsee.org, повеќе од пат до информациите Oneworldsee.org е регионален информативен портал за граѓанското општество и невладините организации во Југоисточна Европа. Освен најновите вести од граѓанскиот сектор, активностите на невладините организации и други владини, политички и економски актери што влијаат врз развојот на граѓанското општество и демократизацијата на регионот, порталот нуди коментари на тековните настани и интевјуа со водечки граѓански и невладини активисти, информации за планираните активности, конференции, кампањи, настани, конкурси за фондови, итн.

Знаење потцртано со отвореност и родови аспекти Мрежа на луѓе што се занимаваат со Дигитално раскажување Извонредна методологија и размена на знаење од Јужна Африка до земјите на Западен Балкан. Мрежа на фацилитатори од Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Македонија. Прв прирачник на босански/српски/хрватси јазик. Моќна алатка за деконструкција на родовите и дискриминацијата каде приказните ги кажуваат раскажувачи што самите користат аудио и видео монтажа. Индивидуална патека од дискриминација кон јакнење за колективно прифаќање и признание... и приказната продолжува. Миграција кон ФЛОСС Ние го правиме она што го проповедаме. Спроведовме пилот-проект во Косово со една волонтерска партнерска организација, која реши да премине од сопственички оперативни системи и апликации во заедницата за отворен и слободен софтвер (ФЛОСС), а како краен резултат го имаме онлајн прирачникот на албански и БХС јазик.

Испитување на општественото истражување и евалуација Глобален преглед на информатичкото општество (Global Information Society Watch) e патека од заговарањето кон политиките. Соработнички проект и глобална иницијатива што ги воведува ставовите на граѓанското општество на сцената на информатичкото општество. Родовата методологија за евалуација (Gender Evaluation Methodology), практикување и промоција на евалуацијата, родовите и ИКТ во контекстот на Западен Балкан. Првиот регионален тренинг на Балканот беше организиран во октомври 2007 година во Сараево, со учесници и учеснички од Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Србија и Хрватска.

Кампањи и колаборативни иницијативи Кампањата Take Back the Tech! ги повикува жените и девојките да ја превземат контролата врз технологијата за да ги раскажат своите приказни за да создадеме наши сопствени сведоштва, да се претставиме самите себе и да ги оформиме нашите наративи за насилството со кое се соочуваат жените и девојките насекаде во светот.
Иницијативата Map it! е дел од кампањата Take Back the Tech! Се работи за колаборативен потфат на спроведувачи на кампањи во различни делови на светот што ги документираат и раскажуваат нашите приказни и градат доказни материјали за насилството врз жените што се случува на онлајн, или преку користење на информатички и комуникациски технологии како што се мобилните телефони и интернет.
Мапата е иницирана од Асоцијацијата за прогресивни комуникации (Association for Progressive Communications), а ја изградија следните организации и колективи: OneWorld платформа за Југоисточна Европа (OWPSEE); Colnodo од Аргентина,  Rede Mulher од Бразил;  Take Back the Tech! Lebanon од Либан; Bytes for All од Пакистан; WeDpro од Филипините; Женското правно биро (Women's Legal Bureau WLB) од Филипините; и Мрежата „Жените на Уганда“ (Women of Uganda Network  WOUGNET) од Уганда.

Надворешните услуги одговараат на вредностите и темите со кои се занимава owpsee. Јакнење на шемите за одржливост: Рута за алтернативен туризам www.travellingbalkans.net е повеќејазична платформа развиена и одржувана од owpsee. Порталот е единствен од тој жанр и е фокусна точка за одржливиот и алтернативниот туризам на Балканот. Наменет е за информирање и служење на заедниците на посетители, туристи и тур-оператери заинтересирани да бидат свесни и да се грижат за планетата Земја.

Share this