Text Size

Повик за предлагање теми за EuroDIG 2015

Printer-friendly versionPrinter-friendly versionSend by emailSend by email

Европскиот дијалог за управување со интернет (European Dialogue on Internet Governance) – EuroDIG го објави повикот за поднесување на предлози за темите и прашањата што би биле вклучени во агендата на настанот EuroDIG 2015. Повикот е отворен до 31 декември 2014 година.

EuroDIG CloudEuroDIG Cloud

Освен можноста за предлагање на теми за кои би сакале да се дискутира, подносителите можат да предложат и теми што се вклопуваат во носечките теми предложени од тимот што го организира следниот EuroDIG:
1.    Пристап (еднаквост/дигитален јаз)
2.    Интернационализирани имиња на домени
3.    Човекови права
4.    Безбедност
5.    Иновации и економски развој
6.    Други теми

Темите наведени погоре рефлектираат некои од специфичните предизвици о области на интерес со кои се занимаваат заинтересираните субјекти во земјите на Југоисточна Европа.

Формуларот за пријавување онлајн е достапен на интернет страната www.eurodig.org.

EuroDIG го објави и датумот на Јавниот состанок за планирање што ќе се одржи на 27 јануари 2015 година во Софија, Бугарија. Повеќе детали и програмата на состанокот мошне брзо ќе бидат достапни на интернет страницата на EuroDIG.

Состанокот во Бугарија е можност за поголема вклученост во расправата на учесници од Југоисточна Европа кои потоа би учествувале на тркалезната маса што ќе се одржи еден ден пред почетокот на EuroDIG 2015, закажан за 3 јуни 2015 година.

Share this