Text Size

Слободата во светот во 2015 година: Отфрлање на демократијата и враќање кон железната тупаница

Printer-friendly versionPrinter-friendly versionSend by emailSend by email

Слободата во светот 2015 (Freedom in the World 2015), годишниот извештај на американската организација „Фридом хаус“ (Freedom House) за состојбата на политичките и граѓанските права, од 195-те држави опфатени со извештајот, 89 (46 отсто) ги рангира како „Слободни“, 55 држави (28 отсто) имаат статус на „Делумно слободни“, а 51 држава (26 отсто) се сместени во групата „Неслобони држави“.

Мапа на слободата во светот во 2015 година (превземено од сајтот на Фридом хаус)Мапа на слободата во светот во 2015 година (превземено од сајтот на Фридом хаус)

Според извештајот, сѐ поагресивните тактики на авторитарните режими и порастот на бројот на терористички напади придонесуваат за загрижувачки пад на слободата во светот во 2014 година, деветта година по ред во која е забележан пад на слободата на глобално ниво. Продолжувајќи го трендот што се провлекува последниве неколку години, најголемо назадување е забележано во областите на слободата на изразувањето, граѓанското општество и владеењето на правото.

„Прифаќањето на демократијата како доминантна форма на владеење во светот – како и меѓународниот систем заснован на демократските идеали – се соочуваат со најголемата закана во последните 25 години. Сѐ до неодамна, повеќето авторитарни режими тврдеа дека ги почутуваат меѓународните договори и, барем декларативно, се залагаа за нормите на конкурентните избори и човоековите права. Денес се на позиција што ја брани супериорноста на она што може да се сведе на еднопартиска власт, и се обидуваат да ги отфрлат ограничувањата што пред нив ги поставуваат основните дипломатски начела“, иѕјави Арч Падингтон (Arch Puddington), потпретседател за истражувања во „Фридом хаус“.

Во регионот на Западен Балкан, Хрватска (OneWorldSEE.org продолжува да ја покрива и Хрватска, иако таа денес е полноправна членка на ЕУ) со скор 1 во областа на политичките права (ПП) и 2 во областа на граѓанските слободи (ГС), Црна Гора (3ПП и 2ГС) и Србија (2ПП, 2ГС) се рангирани во групата на „Слободни држави“. Албанија (3ПП, 3ГС), Босна и Херцеговина (4ПП, 3ГС), Косово (4ПП, 4ГС) и Македонија (4ПП, 3ГС) се сместени во групата на „Делумно слободни“ држави.

Извештајот забележува дека оценката во областа на политичките права за Босна и Херцеговина се намалила од 3 на 4, затоа што властите во голема мерка го игнорираа значајното граѓанско движење што, во почетокот на 2014 година, протестираше против корупцијата и бараше реформи, а главно немаше ни слух за прашањата што го тиштат населението. Во Косово, оцената за политичките права се подобри од 5 на 4 поради размерно успешните избори минатиот јуни, како и договорот на инаку спротивставените партии за формирање на коалициона влада. Во Македонија, оценката за политичките права се влоши од 3 на 4, поради сериозните проблеми забележани на општите иѕбори од април 2014 година, како и со нив поврзаниот бојкот на Собранието што го спроведува опозицијата.

Една од европските држави спомнати поименично во извештајот е Унгарија, каде парламентарните и локалните избори покажаа до кој степен недамнешните законодавни и други промени ги извртеа правилата на игра во ползана владеачкиот ФИДЕС. Извештајот додава дека ФИДЕС го користи обновеното супер-мнозинство во парламентот за трансформација на државните институции, без скоро никакво спротивставување на разединетата и слаба опозиција.

Турција уште повеќе се оддалечува од демократските норми. Долгогодишниот премер Реџеп Таип Ердоган (Recep Tayyip Erdoğan) премина на функцијата Претседател на Турција и ги надгледува владините обиди за прикривање на корупциските случаи во кои се вмешани неговите сојузници и соработници. Медиумите и правосудството се изложени на сѐ поголемо мешање од страна на извршната и законодавната власт, вклучувајќи и серија рации и апсења насочени кон редакциите поворзани со политичките противници на Ердоган.

Извештајот посебно внимание му обрнува на тероризмот и неговото влијание врз слободата во светот во 2014 година. Од Западна Африка, преку Блискиот Исток до Јужна Азија, радикалните џихадистички сили поставуваат нови предизвици пред влаастите и населението. Тие имаат разурнувачко влијание врз државите како што се Ирак, Сирија, Пакистан и Нигерија, преку масакри на припадниците на силите на безбедноста и цивилите, држењето на странски државјани како заложници, и убивање и поробување на верските малцинства, вклучувајќи ги и Муслиманите за кои сметаат дека се отпадници од верата.

Помеѓу државите и териториите означени како „Неслободни“, 12 ја добиле најлошата можна оцена 7 и на полето на политичките права и на полето на граѓанските слободи. Најлоши од најлошите се Централноафриканската Република, Екваторијална Гвинеја, Еритреја, Северна Кореја, Саудиска Арабија, Сомалија, Судан, Сирија, Туркменистан и Узбекистан. Најлошо оценети од териториите се Тибет и Западна Сахара.

Share this