Text Size

Стратешки области

Printer-friendly versionPrinter-friendly versionSend by emailSend by email

Стратешки план за периодот 2010-2013 година

Кон крајот на 2009 година, ги разгледавме промените во однесувањето на персоналот на Фондацијата Еден Свет ЈИЕ (OneWorld SEE) и партнерите во поглед на користењето на ИКТ, за да ги разбереме тие промени и да го консолидираме нашето знаење. По еден интензивен период на теренска работа, со посети, интервјуа и завршната работилница во декември 2009 година, го идентификувавме нашиот пат.

Визија
Еден Свет – платформа за Југоисточна Европа е функционална мрежа и заедница на организации, неформални и формални групи, здруженија и поединци што ги поврзува локалните, регионалните и глобалните иницијативи.
Платформата е активно вклучена, на принципите на солидарност, одговорност и транспарентност, во изградбата на регионална интерактивна, повеќејазична, проактивна и технолошки напредна база на знаење.
Основачките принципи на заедницата се засноваат на етички пристап, отвореност, поддршка меѓу партнерите и заштита на човековите права, родова еднаквост, малцински права, заштита на животната средина, јавниот домен и одржливиот развој.
Слободната технологија и отворените содржини ги обезбедуваат темелите на идниот развој на заедницата.
Заедницата го потврдува својот кредибилитет пред граѓанскиот сектор, институциите и медиумите.

Мисија
Заедница што произведува и објавува информации, анализи, стратешки документи, гради ад хок коалиции, покренува кампањи, образува, заговара и лобира во името на своите партнери и на членовите на заедницата.
Платформите што ги креира заедницата претставуваат креативни е-лаборатории што работат на прашања кои се однесуваат на граѓанското општество, технологијата и јавниот домен.
Заедница што генерира и разменува интерактивни бази на податоци во областите во кои се одвиваат активностите на организациите на граѓанското општество. Ако на регионалното ниво недостига соодветна експертиза, заедницата ќе се обиде да ги обезбеди и примени референтните искуства од светот.
Заедницата заговара воведување и унапредување на системот на вредности во граѓанското општество. Преку своите производи и активности, мрежата ќе се обиде да го воведе системот на вредности, дефиниран во Визијата, во општеството генерално.

Заедници, предизвици и промени
1.    Организации на граѓанското општтество и индивидуални активисти/ки
2.    Медиуми
3.    Креатори на политики/носители на одлуки (домен: заговарање на усвојувањето на политики на полето на ИКТ)
4.    Академска заедница
5.    ИТ професионалци (Општествена одговорност во приватниот сектор)
6.    oneworldsee, организацијата сама за себе

Организации на граѓанското општество и индивидуални активисти/активистки
Програми наменети за активно вклучување на организациите на граѓанското општество и индивидуални субјекти (партнери/членови) во изградбата и работата на мрежата. Членовите на мрежата соработуваат, разменуваат знаење и информации. Соработуваат на подготовката и примената на техничките и етичките стандарди на мрежата. Членовите создаваат специјализирани под-мрежи во рамките на платформата за да обезбедат концентрирано внимание за прашањата што се разгледуваат. Во својата работа користат и прилагодуваат отворени и слободни технологии и го применуваат родово и еколошки освестениот пристап.
Членовите се свесни за својата и особеностите на другите членови, нивните различни полиња на експертиза и присуството на терен, си даваат поддршка едни на други, разменуваат ресурси и, по потреба, дејствуваат заедно.

Медиуми
Програмите наменети за мејнстрим медиумите и новинарите што ја препознаваат платформата oneworldsee како веродостоен и релевантен извор на информации о јазол за сензибилизација на медиумите и новинарите за граѓанскиот сектор, неговите вредности и активности.
Тие ги користат платформите на oneworldsee за да ги потврдат контактите и веродостојноста на граѓанското општество и индивидуалните контакти, а партнерите и членовите на мрежата ги користат за верификација и потврдување на информациите, како извор на алтернативни приказни и перспективи.

Креатори на политики/носители на одлуки (домен: Заговарање на усвојување на политики на полето на ИКТ)
Програмите имаат за цел носителите на политики и одлуки на полето на ИКТ да разберат и во своите политики да вклучат промоција на пет специфични полиња - creative commons, floss, род, животна средина и е-демократија. Креаторите на политики и носителите на одлуки работат на отварање и одржување на постојан канал за комуникација со мрежата OneWorldSEE на локално, национално и регионално ниво. Подготвени се за вклучување во иницијативи со повеќе заинтересирани страни и да соработуваат на изработката на документи за ставовите и позициите и на активности за лобирање по горенаведените прашања. Тие се дел од една мрежа од компетентни индивидуи и институции што развиваат политики отворени за знаењето што доаѓа однадвор и за сите иницијативи по тие прашања.

Академска заедница
Програми што имаат за цел да ја вклучат академската заедница во мрежа на индивидуи и институции, спремни за соочување и давање на квалитетни повратни информации, која служи како извор на знаење и совети за прашањата со кои се занимава платформата oneworldsee и нејзините вредности што имплицираат иницијативи за заговарање и изјави со ставови.
Поврзани се и дистапни им се на членовите/партнерите на платформата oneworldsee во нивните држави, ја користат платформата како средство и медиум за поврзување, дистрибуција и ширење на знаење и информации.

ИТ професионалци
Програмите целат кон мотивирани ИТ професионалци подготвени да ги споделуваат своите знаења и вештини со заедницата.
ИТ професионалците дејствуваат како врска кон ИТ индустријата во сензибилизација и промоција на корпоративната одговорност на петте полиња за кои се интересира oneworldsee: интернет права и изградба на јавното добро, ФЛОСС, е-демократија, животна средина и род.
Претставниците на таквиот сензибилизиран приватен секторе се спремни да дадат придонек во релевантните иницијативи на платформата oneworldsee со своето знаење и ресурси; исто така, развиваат рамка за комуницирање преку своите еснафски и професионални здруженија и синдикати.

oneworldsee, организацијата
Програмите имаат за цел owpsee да прерасне во група на посветени индивидуи и силен колектив составен од потесен тим и поголема група соработници способни за работа на далечина и за анимирање на сопствените заедници.
Oneworldsee е заинтересиран и активно бара апликации на граѓанското друштво засновани на отворени и слободни технологии, и на примената на родовиот и еколошкиот пристап.
Oneworldsee може да комуницира и да пренесува информации од значење за работата на партнерите/членовите, како и да ја вклучи заедницата во процесите на неформално знаење и стратешко користење на платформите на интернет и новите медиуми (web 2.0) и во дискурсот за технологијата и содржините во јавниот домен.

Share this