Text Size

Студентите бараат од власта да се откаже од екстерното тестирање на универзитетите

Printer-friendly versionPrinter-friendly versionSend by emailSend by email

Неколку илјади студенти, со протестен марш по улиците на Скопје минатиот понеделник, 17.11.2014 година, побараа од Министерството за образование да се откаже од плановите за воведување екстерно тестирање на универзитетите.

Неколку илјади студенти протестираа против најавата за екстерно тестирање на универзитетите (Фото Ванчо Џамбаски)Неколку илјади студенти протестираа против најавата за екстерно тестирање на универзитетите (Фото Ванчо Џамбаски)

Во писмото до министерот за образование Абдулаќим Адеми, студентите од Студентски пленум велат дека предложеното воведување екстерен испит во форма на државен испит по завршувањето на втората и четвртата година на студирање е проблематично и неуставно по неколку основи, вклучително и ограничувањето на уставно загарантираното право на образование.

„Со државниот испит, кој предвидува дека доколку студентот не положи два пати, нема право да ги продолжи студиите, на нас студентите ни се ускратува уставно загарантираното право на образование“, велат од Студентски пленум во писмото до министерот Адеми.

Додаваат и дека предложената мерка ја нарушува автономијата на универзитетот од член 46 од Уставот на РМ, и се коси со Болоњскиот модел на студирање.

Студентите пред министерството за образование (Фото: РадиоМОФ)Студентите пред министерството за образование (Фото: РадиоМОФ)

Студентите исто така сметаат дека досега не се понудени аргументи во јавноста што би ги убедиле во користа од предложената мерка. Наспроти тоа, тие аргументирано ги наведуваат негативните последици што таа ќе ги предизвика.

„Сметаме дека дебатата зазема погрешен правец со тоа што се дискутира за формата на најавената мерка, додека всушност дискутабилна е нејзината неопходност воопшто. Ваквата дебата треба веднаш да биде прекината, а најавената мерка повлечена“, бараат студентите од министерот Адеми.

Иницијативата Студентски пленум е организирана како реакција на неспособноста на студентските парламенти да ги заштитат интересите на студентите и да го изразат нивниот став за предложените реформи. На почетокот на протестниот марш, студентите симболично го „погребаа“ Студентскиот парламент поради непреземањето одговорност и став како легитимно претставничко тело на студентите.

Протестот беше мирен, без инциденти и со силно полициско обезбедување.

Share this