Text Size

УДИК и РОСА им оддадоа почит на жртвите од Вуковар

Printer-friendly versionPrinter-friendly versionSend by emailSend by email

Здружението за општествени истражувања и комуникации УДИК од Сараево и Центарот за жени жртви на војната РОСА од Загреб организираа, пред Катедралата во Сараево на 17 ноември односно на плоштадот Бан Јелачиќ во Загреб на 18 ноември, акции за одбележување на 23-та годишнина од страдањето на жртвите на војната од Вуковар.

Активисти и активистки на УДИК пред Катедралата во Сараево (Фото УДИК)Активисти и активистки на УДИК пред Катедралата во Сараево (Фото УДИК)

Активистите и активистките на двете организации поставија транспаренти со натписите „Правда за сите жени жртви на силување во војната“, „Да им оддадеме почит на жртвите“ и „Национализмот убива“. Годинешниве комеморативни акции беа посветени на жртвите на силување во Вуковар кои повеќе од две децении живееја без никаква поддршка од државата, а со цел да се подигне јавната свест за нивниот статус.

„Со оваа акција бараме од државата да го препознае правниот статус на лицата што преживеале силување во војната, вклучувајќи ја и одговорноста да обезбеди компензација за жртвите од државниот буџет на Хрватска“, Нела Памуковиќ, активистка на Центарот РОСА изјави за агенцијата Фена, пренесува интернет-страницата на „Дневни Аваз“.
 
На 19 ноември, активистки и активисти на УДИК го посетија Вуковар и им оддадоа почит на жртвите кај масовнатаробница во Овчара. (Извор: Avaz.ba/UDIK)

Share this