Лудвиг Болтцман Институтот за Човекови Права – БИМ-ВФ со особено задоволство ги повикува сите граѓански организации кои се активни на полето на намалување на сиромаштијата и социјално вклучување, т.е. НВОи, фондации, синдикати и други релевантни актери, како што се социјалните работници, истражувачи итн. да земат учество во основањето на Македонската Платформа Против Сиромаштија (МППС).
Во рамките на проектот ,,Социјално вклучување и човековите права во Македонија“, кој е финансиран од Австриската Агенција за Развој , БИМ-ФВ ќе го поддржи основањето на една ваква платформа која ќе ја поврзе Република Македонија со остатокот од Европа во борбата против сиромаштијата и социјалната исклученост.