Text Size

Визија и мисија

Printer-friendly versionPrinter-friendly versionSend by emailSend by email

Фондацијата Еден свет – платформа за Југоисточна Европа (owpsee) е мрежа на граѓанското општество во виртуелниот онлајн простор која посакува:

„Активна и ефикасна онлајн заедница во Југоисточна Европа, обединета во напорите за постигнување на побрз демократски развој и позитивни промени во граѓанските општества во регионот, преку интерактивни платформи и соработка (на локално, национално, регионално и меѓународно ниво)“.

Нашата мисија е:

  • да обезбедиме поддршка за поврзување на заедниците во регионот, овозможувајќи ја нивната соработка преку локални содржини на локалните јазици
  • да бидеме значаен понудувач на информации, обезбедувајќи дека различните гласови ќе допрат до посакуваната публика
  • да бидеме образовен центар што нуди тренинзи на различни теми и за различни прашања
  • да го користиме интернетот и независните технологии како алатки за постигнување општествени промени во граѓанските општества во регионот на Југоисточна Европа
  • да создаваме мрежи и партнерства со организациите што работат на полето на заговарањето и застапувањето, информациите и комуникациите, медиумите, човековите права, родовата рамноправност, активизмот и одржливоста.
Share this