Text Size

Услуги

Printer-friendly versionPrinter-friendly versionSend by emailSend by email

Фондацијата owpsee е фокусирана на две програмски области. Тие области произлегуваат од два вида активности. Првиот е работата на интернет и развивањето на ИКТ, а вториот е фокусиран на теренска работа со луѓето од организациите на граѓанското општество. Ние во owpsee веруваме дека ниту една од овие активности може да биде нашиот единствен фокус, затоа што би ги изгубиле богатството, разноликоста и живоста на нашите партнери-корисници, без оглед дали се работи за организации, индивидуалци или неформални групи.

Фондацијата Owpsee има свој оддел за развој на ИКТ кој се грижи сите онлајн активности да ги следат најновите технолошки трендови како и да одговориме на технолошките барања на гражанското општество во регионот. Нивните потреби и очекувања се собрани внимателно преку нашата теренска работа и збогатени со нашите искуства како организација со седиште во една од државите во регионот.

Теренската работа е организирана и како развивање мрежи во граѓанското општество и обезбедување тренинг во одредени области на очекување на организациите. Фондацијат има свој тим од тренери, посветен на развојот и/или адаптирање на програмите за тренинг и нивно спроведување.

Најдобрата врска помеѓу овие два оддели е информатичката врска, која работи на повешенасочен пренос на информации.


Основи

И работата преку интернет и теренската работа лице-в-лице е заснована, пред се, на мисијата и вредностите што ги застапува owpsee. Така, вистинската основа за работата на решавање на технолошките предизвици се наоѓа во филозифијата за споделување на софтверот со отворен код и формулата за независните системи. Теренската работа е замислена како интерактивен систем на изградба на типично отворени, соработнички заедници. Локализираме и подесуваме постоечки документи и модули достапни под лиценцата CreativeCommons, или се слободни за натамошна дистрибуција и преработка, во недостиг на соодветни материјали. Резултатите, софтвер, тренинг материјали и учебници, скоро секогаш се заштитени според GNU или CreativeCommons системот на лиценцирање.


Резултат

Така организирана, Фондацијата owpsee успеа да создаде различни производи кои им нудат корист и на партнерските и на непартнерските организации. Постојат три главни групи на услуги:

1. Услуги за партнерите

2. Тренинзи

3. Консултантски услуги

Share this