

Глобалната фотографска кампања ѕа хуманизација на развојот, лансирана неодамна, има за цел да ги промовира и прикаже визуелните примери на луѓето кои победиле во борбата против сиромаштијата, општствената исклученост и маргинализацијата преку расветлување и оживување на горенаведените прашања.
Развојот често се претставува преку слики на очај и немаштија, наспроти огромниот број иницијативи, програми, идеи и партнерства кои ги менуваат животите на милиони луѓе во светов кој се развива и менува. Со цел да ја подигне свеста ѕа овие глобални успеси и да ги рашири информациите ѕа успешните иновативни акции, Меѓународниот центар за политики за инклузивен раѕвој (ИПЦ-ИГ) ја лансира Глобалната фотографска кампања ѕа хуманизација на раѕвојот.
Сите можат и добредојдени се да учествуваат во оваа глобална акција со своја фотографија. Фотографиите треба да следат една од 14-те тематски области поврзани со Милениумските раѕвојни цели, како што се искоренување на екстремната сиромаштија и глад, проширен пристап до храна, чиста вода, канализација, образование и здравствени услуги за сиромашните, и промоција на женското водство и еднаквите можности за образование и вработување. Поставувањето на фотографиите на нашата интернет страна е лесно и едноставно.
Некои од клучните резултати на кампањата е галерија со фотографии трајно поставена во канцелариите на ИПЦ-ИГ, отворена ѕа јавноста; серија изложби во неколку градови во светот; и датотека на фотографии која ќе биде достапна за партнерите на кампањата и агенциите и канцелариите на Обединетите нации.
Вклучете се во прикажувањето на раѕвојот преку една поинаква призма! Да ги промовираме и споделиме успешните развојни иницијативи!. Вклучете се!
Посетете ја интернет страната на кампањата (на сите јазици на ОН и на португалски) на следната адреса:
www.ipc-undp.org/photo