Босна: Етничко разоружување

Printer-friendly versionSend to friend

Чарлс Крофорд, поранешен британски амбасадор во Босна и Херцеговина (1996-1998) и Србија (2001-2003) пишува, во коментарот за TransConflict, дека додека босанските водачи остануваат неимпресирани од морковите на долг стап што им ги нуди ЕУ, потребен е нов договор кој ќе понуди забрзано членство во ЕУ во замена за усвојување на нов устав.

”Босна е како инаетливо магаре со три глави кои меѓусебно се раскарани, неимпресионирано од морковите што ги нуди ЕУ и неосетливо за ударите со кои нема-нема ќе го почести Високиот претставник (ОХР).

Безнадежна ситуација? Не. Јас би направил еден нов договор. Брзо членство во ЕУ со безвизно патување за сите босанци и херцеговци, во замена за новиот устав. Тој би создал три региони, во кои би доминирала по една, суштински одговорна заедница, а над нив би постоела блага но мошне реална централна власт и стимулации кои би направиле од Босна најмалку регулирана економија во Европа. Чесна, кохерентна структура која ги наградува одговорноста и личната иницијатива.

Но, за да се постигне сето тота, работите би морале страшно да се влошат за да можат сите, и во Босна и во Брисел, да признаат дека не постои алтернатива. Идниот министер за надворешни работи ќе мора да има силни нерви.

Босна, се разбира, е исклучителен пример за дипломатско дејствување по било која основа. Тоа е мала земја и има жители колку половина Лондон, во Европа е, граѓаните се писмени и така натаму. Ако не можеме да ја уредиме Босна, не можеме да уредиме ништо друго?

Босна покажува дека, ако темелите на политиката се нелогични и неповрзани, такви ќе бидат и резултатите кои ќе досегаат далеку во иднината.

Тоа не потсетува дека, преку покренувањето на еден незадоволителен проект, „меѓународната заедница“ не смее да биде изненадена ако се создадат нови, независни, егзотични облици на живот кои е тешто да се променат без посериозни ломови поради тоа што се, на некој начин, и органиски и добиле легитимитет.

Моите идеи се на Босна да и се даде устав кој одговара на реалната состојба и кој е кохерентен, нешто што постоечкиот устав, набрзина нашкртан во дејтонската бркотница за Клинтон да обезбеди реизбор, не е во никој случај.

Главен проблем со уредувањето во „Три ентитети“ е што најголемата група (Бошњаци/Муслимани) сака „еден ентитет“ како исход кој нив, како најголема група, нужно им одговара.

Сепак сметам дека тоа во моментов не е ниту остварливо, ниту би било фер, делумно и поради тоа што и Бошњаците одбија да ја разгледаат можноста за „етничко разоружување“.

Покојниот претседател Изетбеговиќ сето тоа го иѕложи мошне детално: „нема да прифатиме етничко разоружување уште пеесет години„. Тој тврдеше дека Бошњаците, кои се околу два милиони, мораат да ги ојакнат своите сили за многу години однапред, затоа што се опкружени со 15 милиони опасни Срби и Хрвати.

Нека е така. Преку инсистирањето на зачувувањето на етничките резерви на оружје, можеби оправдано, Бошњаците би ја направиле вистинската работа ако бидат дел од БиХ која функционира и ќе почне да се богати, што подразбира преуредување на БиХ на начин кој ќе овозможи нејзино разумно функционирање.

Но, некој ќе мора добро да се испоти за да се постигне такво нешто, сега кога целото внимание е насочено кон уште поморничавите проблеми понатаму на исток“. (Извор: TransConflict)

Tag Cloud

KampanjaInfo.org

Take Back The Tech
read about take back the tech campaign in SEE on local languages on: www.kampanjainfo.org

Ne damo Varšavsku!

Ne damo Varšavsku

queer festival sarajevo 09 banner

Festival as any other - Festival of arts and engaged art

Secularism and Religion

Secularism and Religion in SEE

Read our new dossier on Secularism and Religion in SEE (the versions in the local languages to be online very soon)