

Светскиот марш се сретна во понеделникот, 2 ноември, во Приштина, со претставниците на движењето Независност, кое се залага за промоција на човековите права и самоопределување за Косово; со Мултикултурниот педагошки институт ПЕДАКС и со Операционе Коломба, мрежа на млади волонтери кои го промовираат дијалогот помеѓу сите пет заедници кои живеат на Косово - Албанците, Србите, Ромите, Египјаните и Турците.
Маршот се одржа на главната улица во Приштина, каде гласноговорникот на Маршто Џорџо Шулце им се обрати на новинарите и зборуваше за целите на Маршот и ја отфрли употребата на војна како средство на решавање на споровите.
Осврнувајќи се на настаните од денот, Шулце рече: „Денес, во Приштина, сведоци сме на парадоксот кој настанува кога две истории ќе ги вкрстат патиштата. Едната, народна прослава на Бил Клинтон, чија администрација пред неколку години бомбардираше луѓе за да создаде пофрагментиран регион - насока која нема иднина; и една на, очигледно, мала група луѓе кои имаат проект пред кој е исправена сјајна иднина - создавање на универзална човечка нација каде сите ќе можат да се движат слободно, без гранични контроли“.
Селвете Тачи, член на тимот кој патува со Маршот уште од 5 октомври и престојот во Египет и граѓанка на Косово кажа дека е одлично да се биде заедно со хуманисти од целиот свет кои сакаат да му покажат на локалното население дека иницијативи како Маршот постојат. Тачи додаде дека се надева дека соработката со новите контакти ќе продолжи, во името на Светот без војни, и по завршувањето на Маршот.
Од Приштина маршот замина за Белград, следната станица на патот до Аргентина. (Извор: Светскиот марш во ЈИЕ)