Генерално постои голема усогласеност меѓу постојното законодавство со одредбите на Конвенцијата. Уставот на Р.Македонија прокламира еднаквост на сите граѓани во слободите и правата без оглед на полот, расата, бојата на кожата, националното и социјално потекло, политичко и верско уверување, имотната и општествената положба. Овој принцип е транспониран во повеќето законски прописи. Анализата ја подготви Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените во Македонија (ЕСЕ).