Вести

Меѓаши бара подобра заштита од сексуално насилство за децата во Македонија

MegjasiПрвата детска амбасада во светот Меѓаши побара од надлежните органи најстроги казни за Велешанецот осомничен за силување на своите три малолетни ќерки и децата да не бидат вратени во семејството затоа што постои опасност тие да ги променат своите изјави под под притисок на најблиските како и поради недоволно разбирање за состојбата во која се наоѓаат.

ХОПС ја доби наградата за делување на полето на ХИВ/СИДА и човекови права

HOPSМакедонската организација ХОПС – Опции за здрав живот е добитникот на Меѓународната награда за ХИВ/СИДА и човекови права за 2010 година на Канадската правна мрежа за ХИВ/СИДА и Хјуман Рајтс Воч (Human Rights Watch). Наградата со која се одликуваат извонредни поединци и организации кои работат на заштита на правата и достоинството на луѓе кои се под ризик или влијание на ХИВ/СИДА, беше доделена на 18. меѓународна конференција за ХИВ/СИДА, во Виена.

Граѓанските организации бараат достоинствен третман за заболените од ХИВ

hiv-aidsДванаесет граѓански организации кои делуваат во полето на борбата со ХИВ/СИДА бараат да се интевизира националниот одговор во постигнувањето на универзален пристап за превенција од ХИВ и СИДА и ги поздравуваат придобивките од долгогодишното финансирање на Глобалниот фонд за ХИВ/СИДА, туберкулоза и маларија.

ОН основаа нова структура за јакнење на жените

UNНа 2 јули, Генералното Собрание на Обединетите Народи со едногласна одлука го поддржа основањето на ново тело кое ќе има задача да го забрза напредокот на полето на исполнувањето на потребите на девојките и жените од целиот свет. Основањето на телото за родова рамноправност и јакнење на жените – ќе биде познато под името ОН Жени (UN Women) - е резултат на долгогодишните преговори помеѓу државите членки и напорите на полето на застапувањето на глобалното женско движење. Телото е дел од планот за реформи на ОН, во склоп на консолидацијата на ресурсите и мандатите за да се постигнат подобри резултати.

Младинска конференција за европските вредности

Youth Alliance Conference logoМладинскиот сојуз од Крушево ја организира 8-та меѓународна младинска конференција „Европските вредности за иднината на земјите од Југоисточна Европа“, 3-7 септември, 2010 година, во Крушево.

Претставени промените во Законот за пристап до информации

access to information actionМакедонското здружение на млади правници и Фондацијата Институт отворено општество – Македонија го означија почетокот на примената на измените и дополнувањата на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер со дистрибуција на едукативни брошури пред зградата на МРТВ, на 28 јуни оваа година. Представниците на двете организации одговараа на прашања на заинтересираните граѓани и нудеа правна помош во врска со слободниот пристап.

Работилница на еЈИЕ за спроведување на информатички и комуникациски агенди

Parlament BiHДводневна работилница за е-лидерство во Југоисточна Европа почна вчера, 28 јуни, во зградата на Заедничките институции во Сараево, во просториите на Регионалниот совет за соработка. Семинарот нуди интересна програма со цел да ги зајакне избраните функционери и службеници и да им помогне во наметнувањето на промени во владите во државите од регионот.

Syndicate content

Follow owpsee


Follow owpsee on Twitter facebook

  

Vimeo Flickr

Tag Cloud

Ne damo Varšavsku!

Ne damo Varšavsku

Digital stories

APC Anniversary logo

Association for Progressive Communications - APC is celebrating its 20th Anniversary. Red more at www.apc.org

KampanjaInfo.org

Take Back The Tech
read about take back the tech campaign in SEE on local languages on: www.kampanjainfo.org