Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, ги слави постигнувањата на работничките и левичарските движења, со демонстрации и улични маршеви организирани од синдикатите и работните луѓе. Таа традиција, во најголемиот дел од светот, продолжи и оваа година. Тековната економска криза, со своите крајно негативни ефекти врз вработеноста, платите и општиот животен стандар, изнесее стотици илјади луѓе на улиците на големите градови во светот, со барање за поправична распределба на последиците од кризата кај сите слоеви во општеството.