Владеење

Меѓаши бара подобра заштита од сексуално насилство за децата во Македонија

MegjasiПрвата детска амбасада во светот Меѓаши побара од надлежните органи најстроги казни за Велешанецот осомничен за силување на своите три малолетни ќерки и децата да не бидат вратени во семејството затоа што постои опасност тие да ги променат своите изјави под под притисок на најблиските како и поради недоволно разбирање за состојбата во која се наоѓаат.

Младинска конференција за европските вредности

Youth Alliance Conference logoМладинскиот сојуз од Крушево ја организира 8-та меѓународна младинска конференција „Европските вредности за иднината на земјите од Југоисточна Европа“, 3-7 септември, 2010 година, во Крушево.

Работилница на еЈИЕ за спроведување на информатички и комуникациски агенди

Parlament BiHДводневна работилница за е-лидерство во Југоисточна Европа почна вчера, 28 јуни, во зградата на Заедничките институции во Сараево, во просториите на Регионалниот совет за соработка. Семинарот нуди интересна програма со цел да ги зајакне избраните функционери и службеници и да им помогне во наметнувањето на промени во владите во државите од регионот.

Мониторинг на борбата против трговијата со луѓе во Македонија

MHK LogoХелсиншкиот Комитет за човекови права го претстави вчера, 12 април, проектот „Етаблирање на мониторинг на граѓанското општество во борбата против трговијата со луѓе во Република Македонија“, кој претставува уникатен пристап кон мониторингот на граѓанското општество и локалниот одговор на проблемот на трговијата со луѓе.

Владината реторика на линч претставува закана за демократијата

Невладините организации во Косово изразија загриженост за заканувачката реторика на претставници на Владата на Република Косово, насочена кон претставниците на граѓанското општество и ги осудија таквите изјави за кои сметаат дека се отворен повик на линч.

Цивил НВО: Правата на протест и штрајк мора да се користат до задоволување на стандардите

По повод Светскиот дена на социјалната правда, одбележан во саботата, 20 февруари, НВО Цивил ги праша Владата на Република Македонија и сите структури засегнати со социјалните права на граѓаните што прават за да ја поправат социјалната состојба во Македонија, а на новинарите им предложи да почнат да поставуваат прашања за социјалната правда на сите соговорници од телата кои носат и спроведуваат одлуки.

Активисти ја блокираа Варшавска улица во Загреб

Photo:PIXSELLPhoto:PIXSELLМинатата ноќ, околу 4 часот, активистите на здруженијата Право на град и Зелена акција воспоставија постојани дежурства во Варшавска улица во Загреб, во обид да ја спречат Групацијата ХОТО да ги почне планираните градежни работи на пристапната рампа до подземната гаража на проектот „Цвјетни“ (порано познат како „Цвјетни пролаз“).

Syndicate content

Follow owpsee


Follow owpsee on Twitter facebook

  

Vimeo Flickr

Tag Cloud

Ne damo Varšavsku!

Ne damo Varšavsku

Digital stories

APC Anniversary logo

Association for Progressive Communications - APC is celebrating its 20th Anniversary. Red more at www.apc.org

KampanjaInfo.org

Take Back The Tech
read about take back the tech campaign in SEE on local languages on: www.kampanjainfo.org