Потпишете ја Декларацијата за слобода на интернет
Потпишете ја Декларацијата за слобода на интернет
3. July 2012 - 14:06 — Dejan GeorgievskiГрупа организации од САД: Access, EFF, Free Press, Human Rights First, Mozilla, Reddit и Witness ги повикуваат организациите и индивидуалните граѓани и граѓанки да ја потпишат Декларацијата за слобода на интернет. Декларацијата, слична по дух и слово на Повелбата за интернет права на Асоцијацијата за прогресивни комуникации, првенствено е насочена кон носителите и креаторите на политики во САД.
Следи целиот текст на Декларацијата.
ПРЕАМБУЛА
Веруваме дека слободниот и отворен интернет може да придонесе да постигнеме еден подобар свет. За да го зачуваме интернетот слободен и отворен, ги повикуваме заедниците, индустриите и државите да ги препознаат тие принципи и начела. Убедени сме дека тие ќе придонесат за повеќе креативност, иновации и поотворени општества.
Се придружуваме кон меѓународното движење за одбрана на нашите слободи затоа што веруваме дека вреди да се бориме за нив.
Да разговараме за принципите и начелата – да се согласиме или да не се согласиме со нив, да расправаме за нив, да ги преведеме, да ги усвоиме да ја прошириме расправата во нашите заедници – на начин кој е можен само на интернет.
Придружете ни се во напорот да го зачуваме интернетот слободен и отворен.
ДЕКЛАРАЦИЈА
Ние се залагаме за слободен и отворен интернет.
Ги подржуваме транспарентните партиципативни процеси за креирање на политиките за интернет и за воспоставување на пет основни принципи:
Изразување: Не цензурирајте го интернетот.
Пристап: Промоција на иниверзален пристап до брзи и евтини мрежи.
Отвореност: Да го зачуваме интернетот како отворена мрежа каде сите слободно можат да се поврзуваат, комуницираат, пишуваат, читаат, гледаат, говорат, слушаат, учат, создаваат и иновираат.
Иновација: Заштита на слободата за иновација и креирање без да се бара дозвола. Не ги блокирајте новите технологии, и казнувајте ги иноваторите за делата на корисниците на нивните изуми.
Приватност: Штитете ја приватноста и бранете ја сечија способност да контролира на кој начин се користат нивните податоци и уреди.
За да ја ПОТПИШАТ Декларацијата, индивидуалните лица можат да ги посетат акциските страни на Access, CREDO, EFF и Free Press и да го додадат своето име. Организациите треба да го поднесат името на организацијата или компанијата на формуларот достапен на интернет страната на Декларацијата за слобода на интернет (по што ќе следи потврда на овластувањето да ја потпишат Декларацијата), а на истата страна е дадена и листа на организации што веќе го потпишале документот.
Search
EuroDIG Remote Participation

EuroDIG Remote Participation Hub, Sarajevo, June 21, 2013. More info to follow soon...







